Вардар завршил голема работа, Фадуил не мрда од Скопје до 2028!

Матео Фадуил кој ова лето пристигна во редовите на Вардар се покажа како фантастично засилување за македонскиот шампион, а според последните информации Французинот ќе игра во Скопје и по завршувањето на сезоната.

Според информациите на „handballtalentagency“ двете страни се договориле за нова соработка.

Наводно, Фадуил ги прифатил понудените услови и се согласил на нов договор со важност до 2028 година. Нема дилеми, дека тоа би било фантастична вест за Вардар кој така би го задржал еден од своите најважни ракометари.

Во редовите на Вардар, 24-годишниот Фадуил пристигна од Трембле, а претходно настапуваше за Кретеј и Саран.