Лиеше крв: Скандал во Грција - судијка заврши во болница со дупната глава!
Инцидентот се случил веднаш по завршувањето на средбата во која триумфираше тимот на Агиои Анаргири, кога револтиран член на стручниот штаб на поразената екипа на Коропи насилно удрил со рака во вратата од соблекувалната додека судијката се обидувала да ја затвори. Од силината на ударот, вратата директно ја удрила Цури во пределот на лицето, по што таа се здобила со отворена рана и почнала обилно да крвави.
Повредената судијка првично добила итна медицинска помош директно на местото на настанот од страна на дежурниот лекар на натпреварот и еден од присутните кошаркари, по што веднаш биле повикани полиција и брза помош. Со амбулантно возило таа била пренесена во најблиската болница, каде што раната ѝ била хируршки санирана и сошиена.