Вардар им се заблагодари на навивачите: Вие сте нашата сила! (ФОТО)

Македонскиот шампион Вардар славеше во дербито против Пелистер со 31-23 во деветтото коло од Суперлигата, а трибините во СЦ „Јане Сандански“ беа исполнети до последното место.

Вистински спектакл беше забележан во салата, како и впечатлива кореографија од страна на навивачите кои во текот на целиот натпревар им даваа поддршка на ракометарите на Вардар, кој упати порака по дербито.

„ВИЕ СТЕ НАШАТА СИЛА! Преполни трибини, прекрасна црвено-црна кореографија и песна што не престана ниту за момент! Од првиот до последниот звук на сирената - 60 минути навивање, пеење и безрезервна поддршка за ракометарите на Вардар! Одлична атмосфера, многу насмеани и задоволни лица, прегратки и заедничка радост по големата победа. Трибините уште еднаш покажаа дека се важен дел од секој наш успех. Голема благодарност до „Комити“ и до секој навивач што беше дел од оваа незаборавна ракометна вечер. Вашиот глас, енергија и љубов кон Вардар нè носеа во текот на целиот натпревар! Погледнете ја галеријата посветена на вас - нашите навивачи, нашата гордост и нашата најголема поддршка! Заедно победуваме. Заедно одиме по нови успеси!“, објави Вардар.