Алкараз го совлада Де Минор и ја покори Виена! (ВИДЕО)

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја освои титулата на турнирот во Виена, откако во финалето славеше против Алекс Де Минор со 2-0 во сетови.

Алкараз доминираше во првиот сет против австралискиот тенисер и му дозволи да освои само еден гем (6-1).

Де Минор заигра подобро во вториот сет, меѓутоа немаше решение за расположениот Шпанец кој до победата стигна со 6-4.

Со оваа победа, Алкараз стигна до четвртата титула сезонава, односно 28. пехар во кариерата.

Фото: Facebook/Erste Bank Open (ATP Vienna)