Алкараз преку Медведев до финале во Виена (ВИДЕО)
На Шпанецот му беа потребни еден час и 37 минути за да го надигра рускиот тенисер во полуфиналето. Алкарас славеше со 6-4, 7-6 (7-2).
Во првиот сет Алкараз ја искористи првата брејк-топка и поведе со 3-1, но Медведев веднаш возврати со рибрејк. Сепак, вториот носител на турнирот успеа повторно да му го одземе сервисот на противникот, овојпат во десеттиот гем, со што го освои првиот сет со 6-4.
Многу поголема борба се водеше во вториот сет. Повторно Алкараз прв стигна до брејк, но Медведев уште еднаш експресно возврати. Одлуката падна во тај-брејкот, во кој Шпанецот беше убедлив и му дозволи на ривалот да освои само два поени и тоа двата на сервис на Алкараз.
Во второто полуфинале ќе се сретнат Александер Зверев и Алекс де Минор. Победникот од овој дуел ќе му се спротивстави на Алкараз во финалето.