Акоста победи на спринтот во Малезија, но најмногу се радуваше Марк Маркез!

Шпанскиот мотоциклист, Педро Акоста, победи на денешната спринт-трката во рамките на Големата награда на Малезија, додека второто место му припадна на Марк Маркез, кој максимално ја искористи ситуацијата за да ја зголеми својата бодовна предност во генералниот пласман.

Неговиот најголем ривал за шампионската титула, Хорхе Мартин, е принуден да ги пропушти трките во Малезија поради повреда на раката, што му овозможи на освојувачот на втората позиција значително да се одлепи во битката за шампионскиот трофеј. Акоста извозе одлична трка и на крајот заслужено се радуваше на триумфот, оставајќи го зад себе Маркез кој со овој пласман инкасираше девет нови бодови генералниот пласман. Последното место на подиумот го обезбеди Марко Бецеки, комплетирајќи ја водечката тројка на денешниот спринт.

Викендот во Малезија ќе биде заокружен в недела, кога на програмата е главната трка која ќе започне во 8 часот по македонско време.