Револуција во Ла Лига: Судиите ќе мора да ги објаснуваат одлуките пред навивачите!

Ла Лига на почетокот на сезоната воведе голема промена, која предвидува судиите да даваат интервјуа пред телевизиските камери по натпреварите.

Овој иновативен пристап, кој го започна Судиската комисија, се применува со недели, а сега Ла Лига ќе може да ги слушне и судиите по дуелите.

Ова ќе биде првпат во историјата на шпансиот фудбал и ќе биде спроведено овој викенд, кога ќе можат да се слушнат објаснувања од судиите за нивните одлуки.

„ДАЗН“ открива дека еден од натпреварите на кои ќе може да ги слушнеме коментарите на судиите е дуелот меѓу Атлетик Билбао и Реал Сосиедад.