Милан и Интер го претставија новиот стадион кој ќе го замени „Сан Сиро“ (ВИДЕО)

Италијанските гиганти Милан и Интер го претставија проектот за нов стадион кој ќе го замени култниот „Сан Сиро“, а притоа договорија голем спонзорски договор.

Новиот стадион ќе го носи името „Џенерали стадион“, а италијанската компанија за тоа ќе исплати дури 650 милиони евра во период од 20 години.

Тоа значи дека гигантите од Милано само од продажба на името на идниот стадион ќе добијат годишен приход од просечни 32,5 милиони евра.

Клубовите сè уште не ги објавиле финансиските детали од договорот, но ја потврдија соработката со „Џенерали“.