Почнува продажбата на билети за мечот меѓу Македонија и Словенија!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти дека продажбата на влезниците за натпреварот Македонија – Словенија ќе почне в понеделник, 2 ноември.

Натпреварот се игра во рамки на петтото коло од групата Б во Лигата на нации, а цената на влезниците ќе изнесува 500 денари.

„Влезниците ќе можат да се набават исклучиво преку официјалната платформа за електронска продажба на билети на ФФМ: eticket.ffm.mk“, информира ФФМ.

Македонија по четири одиграни меча нема освоен бод, додека Словенија е втора во групата со седум поени.

Натпреварот се игра на 16 ноември од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.