Рез во женската репрезентација: Петровски е нов селектор, пет кошаркарки во пензија!
Станува збор за млад и трофеен 25-годишен стручњак, кој доаѓа по повлекувањето на Александар Ашаданов, а кој поради лични причини се повлече по пет години на чело на националниот тим. И покрај младоста, Петровски е најтрофејното име во моментов – бронза со У14 во 2019, злато со У18 во 2021, а како сениорски тренер девет победи во низа во дебитантската 2022 сезона, полуфиналиња во 2023 и 2024, финале во 2025 и двојна круна – титула и Суперкуп во 2026 година, со што стана најмлад шампион во историјата на македонската кошарка.
КФМ се одлучи за него поради континуитетот со младите – дел од генерацијата У18 со која работи ќе биде приклучена во сениорскиот тим. Истовремено, репрезентацијата останува без пет искусни кошаркарки кои го завршија репрезентативниот ангажман – Анџелика Митрашиновиќ, Александра Стојановска, Мерит Хемпе, Ивана Кметовска и Илина Селцова.
Дебито на Петровски ќе биде во ноември со гостувањето кај Романија во Букурешт и домашниот дуел со Естонија во Штип.