Вардар одигра храбро против Мелсунген и со реми се прости од ЛШ (ФОТО)
Германскиот состав во Скопје тргна подобро и освен кога беше 3-3 на почетокот, се до самиот финиш првиот дел беше во предност. Сепак, последните од првите 30 минути во „Јане“ му припаднаа на македонскиот шампион кој на крајот успеа на одмор да замине со водство од два разлика (14-12).

Второто полувреме донесе максимално изедначена игра, двете екипи по неколку пати се менуваа во водство, а во последните десет минтуи од дуелот избраниците на Чупиќ влегоа со гол предност (23-22).
Не се менуваше сликата ни во наредните минути, се играше на нерви со борба за секоја топка, па неизвесноста беше присутна до самиот крај. Последните пет минути донесоа и изедначен резултат на семафорот 24-24. Тука уште еднаш блесна фантастичниот Валах кој ја запиша својата 14-та одбрна на мечот, па Вардар доби напад за водство, сепак Фаудил немаше среќа и неговиот удар заврши во стативата.

Немаше гол ниту во наредните два напади на двете страни, па Вардар на минута ипол до крајот напаѓаше за водство кое го донесе Да Силва со еден силен удар. Мелсунген брзо возврати, а „црвено-црните“ тогаш останаа и со играч помалку. Но, и во таква ситуација, Малус изнуди седмерец, Фаудил погоди, а на Мелсуген му останаа само 25 секунди за гол за реми.
Не издржа одбраната на македонскиот шампион, гостите успеаја да дадат гол за реми. Мелсунген со ова реми го освојува второто место, Висла со победата над Нант во истиот термин дојде до осум и првата позиција во групата.
Нант заедно со Вардар продолжува во Европската лига.
Фаудил беше најефикасен кај Вардар со седум гола од девет ободи, Воркапиуќ постигна четиори, а по тѕри имаа Урош Митровиќ и Јанковски. Кај Мелсунген најмногу се истакна Стел Леон со осум погодоци. Валах дуелот го заврши со 14 одбрани.






