Мбапе направи скандал, па Реал Мадрид мораше да се извинува!

Килијан Мбапе со изјавата за поранешниот кинески лидер Мао Це Тунг предизвика бурни реакции во Кина, а контроверзата доби и сериозни последици за францускиот фудбалер и Реал Мадрид.

Сè почна со изјавата дека Мао Це Тунд е диктатор, а тоа предизвика незадоволство во Кина, при што два спонзори му ја прекинаа соработката на Мбапе.

По извинувањето на Мбапе се јави и „кралскиот клуб“, кој се обиде да ги намали последиците од предизвиканата ситуација и да покаже почит кон кинескиот народ.

„Реал Мадрид сака да му се извини на кинескиот народ поради евентуални непријатности кои беа предизвикани од зборовите на Килијан Мбапе. Нашиот клуб ја почитува Кина, историјата, културата и граѓаните, како и навивачите кои нè поддржуваат“, објави шпанскиот гигант.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.