Охрид го уништи вториот тим на Пелистер

Ракометарите на Охрид беа подобри од Пелистер 2 со 35-19 во осмото коло од македонската Суперлига.

„Гладијаторите“ доминираа во првото полувреме, односно постигнаа дури 21 гол, додека Пелистер 2 беше очаен во нападот и заврши со само девет погодоци.

Охрид продолжи да доминира во вториот дел и да ја зголемува предноста во однос на противникот за на крајот да слави со убедливи 35-19.

Адама Кеита и Никола Зечевиќ постигнаа по шест голови за Охрид, додека Кристијан Симоновски го заврши дуелот со шест голови за Пелистер 2.

Фото: Facebook/ГРК Охрид - GRK Ohrid