Шокантна снимка: Тренер среде меч удри малолетна одбојкарка во глава! (ВИДЕО)

Шокантна сцена пристигнува од Казахстан кадеш то тренерот на одбојкарската академија Шимкен, Хамит Мирзабеков силно по глава удри една од своите ракометарки која била малолетна.

Поради инцидентот, националната федерација му изрече двегодишна забрана за работа, а полицијата отвори истрага.

Инцидентот се случил во текот на вчерашниот ден за време на првенството на Казахстан за приватни клубови, во конкуренција на девојчиња родени во 2009 година и помлади. На снимката што се прошири на социјалните мрежи се гледа како тренерот ја повикува одбојкарката со бројот 9 да дојде до страничната линија на теренот, а потоа ја удира по главата.