Барселона ја доби казната за Алварез - ќе плати 602 евра!
Дисциплинската комисија ја затвори постапката што беше отворена по пријавата на Атлетико, а Барселона беше казнета според членот 133 од дисциплинскиот правилник. Тој се однесува на непочитување наредби, упатства, одлуки или обврски предвидени со правилникот, пренесуваат шпанските медиуми.
Контактите на Барселона со Алварез беа третирани како полесен прекршок. За ваквите прекршоци, правилникот предвидува парична казна до 602 евра, суспензија до два месеца или најмалку два натпревари, како и затворање на стадионот за најмногу еден натпревар.
Федерацијата се одлучи за парична казна, па Барселона ги избегна построгите санкции, како што се суспензии за функционери на клубот или делумно затворање на стадионот.