Протестите проблем за фудбалот - одложени неколку натпревари во Франција!
Домашниот натпревар на Лион против Анже во Лига 1 ќе се одигра во недела попладне, наместо во сабота во 20:45 часот по локално време. Професионалната фудбалска лига во вторникот соопшти дека одлуката е донесена на барање на локалните власти.
Променети се и термините на саботните натпревари на кои домаќини требаше да бидат Ница и Лориен. Според соопштението на лигата, натпреварот во Ница е презакажан за петок навечер, додека дуелот во Лориен ќе се одигра во понеделник навечер.
Промените следуваат откако стотици илјади луѓе минатата сабота учествуваа на протести ширум Франција против зголемените трошоци за живот и лошите услови во училиштата. Со тоа дополнително се зголеми оптоварувањето на полицијата и безбедносните сили.
Франција се соочува со најголемите граѓански немири во последните неколку години, за време на кои беа нападнати градски општини и јавни објекти.