Хрватскиот голгетер од Динамо може да се пресели во Премиер лигата!
Одличните настапи го привлекоа интересот на Евертон, кој наводно сака да го доведе уште во јануари.
„Евертон размислува за ангажирање на Бељо во јануари. Напаѓачот на Динамо е приоритет за клубот. Бељо оваа сезона постигна 17 гола на 16 натпревари, откако минатата сезона ја заврши со 38 погодоци. Сепак, Динамо има силна преговарачка позиција бидејќи договорот на Бељо важи до 2030 година. И покрај тоа, Евертон би можел да започне со реализација на трансферот уште оваа зима“, пишуваат островските медиуми.
Според информациите Динамо за Бељо бара најмалку 25 милиони евра. Евертон ги разгледува и опциите за ангажирање на Естебан Лепол од Рен и Џошуа Зиркзе од Манчестер Јунајтед, но Бељо би можел да биде поевтина опција.
Динамо летово одби две понуди во вредност од по 20 милиони евра, а хрватскиот напаѓач досега на 64 натпревари за „модрите“ постигна 55 гола и забележа 13 асистенции.