Инцидент во Полска: Фудбалер кој доби црвен картон, се врати и го удри Чурлинов (ВИДЕО)

Екипата на Погон Шчечин славеше победа од 4-3 во полското првенство против Радомјак Радом, но овој дуел беше обележан и со еден инцидент.

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов беше удрен од противнички фудбалер во завршницата од средбата. Инцидентот започна поради еден поништен гол на гостите, тогаш црвен картон доби Ибрахим Камара.

Камара прво замина во соблекувалната, но потоа се врати од тунелот и го удри Чурлинов од зад грб. Со оглед на тоа дека се појавија снимки од инцидентот се очекува да има и дополнителна казна.