Керик одби да поднесе оставка и порача: Не очекувам ништо посебно
„Црвените ѓаволи“ повторно ги разочараа своите навивачи, а убедливиот пораз на „Олд Трафорд“ дополнително го засили притисокот врз стручниот штаб. По натпреварот, Керик беше прашан дали очекува да добие отказ уште истата вечер, но неговиот одговор покажа дека не сака да шпекулира за сопствената иднина.
„Целосно ја разбирам ситуацијата. Искрено, не очекувам ништо посебно. Продолжувам да работам нормално и го сакам овој клуб“, изјави Карик.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед нагласи дека неговиот пристап нема да се промени, без оглед на тоа какви одлуки ќе донесе раководството на клубот во наредниот период.
„Секогаш го правам она за кое верувам дека е најдобро за фудбалскиот клуб, без оглед на тоа какви одлуки ќе бидат донесени“, порача англискиот стратег.
Кога повторно беше прашан за својата иднина и за можниот расплет на ситуацијата, Карик не сакаше да навлегува во дополнителни детали.
„Тоа е навистина сè. Не очекувам ништо, ниту во едната ниту во другата насока“, заклучи менаџерот на Манчестер Јунајтед.
Поразот од Борнмут е уште еден тежок удар за клубот од „Олд Трафорд“, кој не успева да пронајде излез од кризата. Сега останува да се види дали челниците ќе му дадат нова шанса на Карик или ќе се решат за промена на тренерската позиција.