„Ел Класико“ за историја: Барселона брка рекорд стар 58 години, Мурињо сака да ѝ ја расипе забавата!

Барселона и Реал Мадрид вечерва ќе се пресметаат во едно од најпопуларните дербија во светскиот фудбал. Освен битката за нови три бодови, домашниот тим може да испише историја со евентуална победа во „Ел Класико“, но Жозе Мурињо сака да им ја расипе забавата.

Каталонскиот гигант славеше на првите девет натпревари во шампионатот и го израмни рекордот на Реал Мадрид од сезоната 1968/69, а со нова победа избраниците на Ханси Флик ќе стигнат до 10. триумфи по ред и ќе испишат историја во Ла Лига.

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо смета дека неговиот тим е во добра форма, но е свесен дека дуелот против Барселона носи поинаков притисок

„Во добар ритам сме, играме добро и постигнуваме голови, но Ел Класико е нешто сосема поинакво. Она што го направивме претходно нема влијание. Ова е единственото Ел Класико и светот застанува“, кажа Мурињо.

Флик, од друга страна, нагласи дека неговиот тим мора да биде внимателен и добро поставен затоа што Реал има квалитет да ја казни секоја грешка.

„Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид се игра вечерва од 21 часот на „Камп Ноу“.

Фото: Facebook/FC Barcelona  + Facebook/Real Madrid C.F.