Џексон со два гола ја прекина победничката серија на Манчестер сити (ВИДЕО)

Фудбалерите на Астон вила успеаја да го надиграат Манчестер сити со 2-1 во осмото коло и да ја прекинат победничката серија на „граѓаните“ во Премиер лигата.

Николас Џексон во шестата минута ја затресе мрежата на „граѓаните“ за предност од 1-0 на екипата од Бирмингем, по што водството домаќинот го чуваше до крајот на првиот дел.

Ерлинг Халанд ја врати неизвесноста во натпреварот на почетокот на вториот дел, кога погоди за 1-1, но во 60. минута повторно блесна Џексон кој со неговиот втор погодок ги постави конечните 2-1.

Астон вила со оваа победа скокна до шестата позиција и има 11 бодови, додека Манчестер сити е лидер со 21 поен.