Струга го декласира Скопје и го презема врвот во лигата (ВИДЕО)
Струга го отвори резултатот со спектакуларен гол во 11. минута кога Бојку од поголема далечина ја затресе мрежата на Скопје.
Скопје набрзо прими и втор погодок, откако Христијан Малески ја затресе мрежата на гостите, а потоа падна и третиот погодок преку Агамах.
Домашниот тим на стартот на вториот дел постигна и четврти гол преку Воша, по што Скопје до крајот на средбата не успеа да постигне барем почесен погодок во средбата.
Струга со оваа победа го презема врвот во Првата лига и има 23 бодови, додека Скопје останува последен со три поени.
Фото: Facebook/F.C. Struga