Баерн соопшти детали за здравствената состојба на Компани (ФОТО)

Германскиот шампион Баерн Минхен објави официјално соопштение за здравствената состојба на тренерот Винсент Компани, кој морал да добие медицинска помош откако колабира за време на тренинг на вториот тим.

Баерн соопшти дека Компани го следел тренингот на вториот тим, кога ненадејно му се слошило и паднал, по што морала да му биде укажана медицинска помош и потоа бил пренесен во болница.

„Винсент Компани мораше да добие медицинска помош во петокот, откако колабираше за време на тренингот на вториот тим. Тренерот на првиот тим го следеше тренингот на втората екипа. Компани во моментов е во болница, каде што се вршат детални медицински прегледи и останува под лекарски надзор“, соопшти Баерн.

Екипата од Минхен ќе соопшти дополнителни детали во јавност по добивање на медицинските резултати.

Фото: Facebook/FC Bayern München