Часови по големата победа над Звезда: Партизан потпиша ѕвер од НБА лигата!

Американскиот кошаркар, Роберт Френкс, е најновото засилување за Партизан, со што стана вториот играч кој пристигнува во белградскиот клуб откако заработи отказ во НБА лигата.

Играчот кој настапува на позицијата крилен центар утринава официјално беше промовиран од страна на „црно-белите“, само часови по големата победа во синоќешното вечно дерби против Црвена Звезда (85-82) по едно продолжение.

„Американскиот крилен центар Роберт Френкс е ново засилување на црно-белите. Кошаркарот висок 201 сантиметар е роден во 1996 година во Сиетл, а по студиите на Универзитетот Вашингтон Стејт, својата професионална кариера ја започна во 2019 година. Играјќи за развојните тимови на Шарлот, Сакраменто и Орландо, стигна и до НБА лигата, каде што во 2021 година настапуваше за Орландо Меџик. Истата година, Френкс со развојниот тим на Орландо стана шампион во Г-лигата. Подоцна, новиот крилен центар на црно-белите играше за Бризбејн и Аделаида во Австралија, израелски Хапоел Гилат, Нагоја и Ибараки во Јапонија, како и Нанџинг во Кина, од каде што и пристигнува во Партизан“, стои во објавата на клубот.

Црно-белите по првите седум која од Евролигата се некаде на средина од табелата со скор 4-3.