„Кралот“ направи историски пресврт, Јокиќ ептен лош во првиот меч сезонава (ВИДЕО)
Овој триумф ќе остане запаметен по фактот што домашниот состав во еден момент имаше негатива од дури 29 поени. За тимот од градот на „братската љубов“ ова е најголем резултатски пресврт во последните 30 години од клупската историја, но воедно и најголем кам-бек во две и пол децениската кариера на ветеранот и легенда на лигата, Леброн Џејмс, кој го предводеше својот тим до победата.
Натпреварот започна очајно за домаќините, што им овозможи на гостите од Кливленд да стекнат убедлива предност од 35-18 по првата четвртина. Доминацијата на гостинскиот состав продолжи и во вториот период, па пред крајот на полувремето резултатот гласеше 69-40. Сепак, во второто полувреме следуваше вистинско шоу на теренот. Филаделфија тргна во силна офанзива и пред крајот на третата четвртина огромната негатива се стопи на само два поени разлика (82-84). Пресвртот беше комплетиран во последниот период кога при водство на Кливленд од 95-89, домашните кошаркари направија неверојатна серија од 15:0, преземајќи го водството со 104:95 кое го задржаа до самиот крај. Најефикасни во победничката екипа беа Макси со 32 поени и Џоел Ембид со 24 поени, додека Џејмс го заврши мечот со 17 поени, 10 скока и пет асистенции. Кај поразениот Кливленд се истакна Мичел како прв стрелец со 32 поени.
Екипата на Оклахома сити тандерс, пак, на свој терен славеше против Денвер нагетс (96-84), во меч кој го одбележа релативно лошото издание на најголемите ѕвезди во двата состави. Двојниот МВП во редовите на домашните, Шеј Гилџес-Александер, имаше лоша шутерска вечер реализирајќи само шест од 19 удари од поле, завршувајќи го дуелот со 17 поени. Со овој учинок, за првпат по 141 натпревар, тој не успеа да постигне 20 или повеќе поени, со што беше прекината неговата рекордна низа во најсилното кошаркарско натпреварување.
Непрепознатлив на паркетот беше и првата ѕвезда на Денвер, Никола Јокиќ, кој постигна само 13 поени, надополнети со седум скокови и пет асистенции, па најефикасен кај гостите беше Арон Гордон со 20 поени.
ФОТО: ФЕЈСБУК / Philadelphia 76ers