Навивач намерно се повредил за да не оди на работа и да го види Меси! (ФОТО)

Љубовта кон Лионел Меси понекогаш ги надминува сите граници, а тоа го потврдува потегот на еден навивач кој открил дека намерно си ја повредил раката за да не оди на работа и да добие можност да го види аргентинскиот фудбалер.

Навивачот кој го пречека Меси во шпанскиот град Овиедо откри дека си ја пресекол раката за да не може да оди на работа.

„Намерно си ја пресеков раката за да не морам да одам на работа и да можам да дојдам овде за да го видам Лео Меси“, открил навивачот.