Ц. Звезда брка први европски бодови: Гаштаров стартер против Копенхаген!

Македонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров се најде во почетниот состав на Црвена звезда за вечерашниот дуел против Копенхаген во Конференциската лига на УЕФА.

Тренерот Алберт Риера реши повторно да му укаже доверба на Гаштаров, кој игра фантастично во црвено-белиот дрес оваа сезона.

Црвена Звезда го загуби првиот меч во Конференциската лига против Лугано со 2-3.

Фото: Facebook/FK Crvena zvezda