Керик утрово не се појавил во тренинг-кампот, Јунајтед почнал преговори со нов тренер
Керик е под огромен притисок откако Јунајтед во Лигата на шампионите загуби од Комо со 4-1. Тоа е продолжение на серијата лоши резултати, па тимот од „Олд Трафорд“ е без победа веќе седум натпревари во сите натпреварувања.
По поразот од Комо, капитенот Бруно Фернандеш јавно ја критикуваше тактиката на Керик, со што дополнително ја отежна позицијата на 45-годишниот тренер. Британските медиуми пишуваат и дека Керик утрово не пристигнал во тренинг-центарот „Карингтон“ во 7:30 часот, како што вообичаено прави.
Michael Carrick under pressure with Julian Nagelsmann one of the leading contenders. Piece from last night with @alex_crook for @talkSPORT.✍️ https://t.co/3CQyLVRwN6
— Ben Jacobs (@JacobsBen) October 22, 2026
Сепак, според извори на „talkSPORT“, Керик би требало да го предводи тимот в недела против Борнмут на „Олд Трафорд“.
Според информациите на Бен Џејкобс, поранешниот тренер на Баерн Минхен има поддржувачи во раководството на Манчестер јунајтед. Нагелсман моментално е без ангажман, откако летово се повлече од функцијата селектор на Германија.
Тој беше високо на листата со желби на Јунајтед и пред клубот во мај да го назначи Керик за постојан тренер. Тогаш преговорите не напредуваа бидејќи Нагелсман сè уште ја предводеше Германија, додека Керик, како привремен тренер, одлично ја заврши сезоната.