Уапсен првиот човек на грчката кошарка, Јанакопулос го „поздрави“ со среден прст! (ВИДЕО)

Скандал ја погоди грчката кошарка откако бил уапсен првиот човек на кошаркарската федерација, Вангелис Лиолиос.

Тој бил уапсен во текот на денешниот ден откако бил издаден налог по тримесечната истрага која ја водело обвинителството во Атина.

Според информациите од медиумите Лиолиос е упасен поради поткупување, примање поткупи и наместени натпревари во Првата лига и други категории. Наводно, делата биле сторени во последните пет години.

Покрај првиот човек на грчката кошарка, со него уапсени биле и уште две лица, а за вкупно шест бил издаден налог.

По оваа акција на акција на полицијата со реакција се огласи и претседателот на ПАОК, Димитриос Јанакопулос кој во изминатиот период беше во конфликт со сојузот.