Срамен пораз на ТФТ - вицепрвакот играше со шестмина и без странци (ФОТО)
Натпреварот почна лошо за македонскиот претставник, а Слобода Тузла го диктираше темпото на игра и го доби првото полувреме со 54-26.
ТФТ не можеше да направи ништо повеќе со шестмина во составот, па до крајот кошаркарите се бореа колку што имаа сила за да избегнат поголема катастрофа (61-106).
Најефикасен во редовите на ТФТ беше Тома Стојаноски со 25 поени, седум скокови и две асистенции, додека во победничкиот тим блесна Асим Гутиќ со 19 поени.



Фото: ABA2 (Sloboda Energoinvest/Darko Zabus)