ПСЖ со пресврт го уништи Стразбур за четврта победа по ред!
Натпреварот започна добро за домаќинот, кој постигна гол преку Рејна во 17. минута и ја чуваше предноста до крајот на првиот дел.
ПСЖ направи неколку замени на стартот на вториот дел, по што тргна во напад на трите бодови, а првата голема шанса за израмнување ја имаше Дембеле од пенал, кој сепак не го реализира.
Екипата на Луис Енрике влезе во ритам дури во завршницата, кога постигна три голови преку Забарњи, Дембеле и Дуе за да слави со 3-1.