Фернандез го турна судијаta на земја во дебаклот од ПСЖ, ама - не доби ниту жолт картон (ВИДЕО)

Фудбалерот на Манчестер Сити, Енцо Фернандез, се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавност за време на синоќешниот натпревар од Лигата на шампионите (ЛШ) против ПСЖ (2-4), откако го оттурна главниот судија на средбата.

Гостите од Париз уште на самиот почеток ја наметнаа својата доминација и по само половина час игра веќе имаа убедлива предност од три гола разлика. До крајот на натпреварот, „граѓаните“ само делумно се консолидираа и да го ублажат поразот. Немоќни да пронајдат соодветно решение за разиграниот противник, фудбалерите на домашниот тим стануваа сè понервозни како што одминуваше времето, што кулминираше со несекојдневна сцена на теренот.

За време на една акција на Сити, главниот арбитар се најде на патот на Енцо Фернандез, попречувајќи му го обидот да стигне до топката. Во тој момент, Аргентинецот силно го оттурна судијата, кој од силината на контактот падна на тревникот. И покрај очигледниот инцидент, судијата не му покажа ниту жолт картон на Аргентинецот, по што фудбалерот продолжи да игра како ништо да не се случило.