Инаетливиот Вардар ја намачи Висла и покажа како треба да се гине во ЛШ!

Македонскиот шампион Вардар даде сè од себе и ја намачи Висла Плоцк во четвртото коло од Лигата на шампиони (ЛШ), меѓутоа на крајот го доживеа четвртиот пораз (32-33) во елитното натпреварување.

Двете екипи играа „гол за гол“ сè до 5-5, по што Вардар влезе во криза, а тоа знаеше да го искористи Висла за да поведе со 14-6.

Скопскиот гигант почна да се буди во продолжение од првото полувреме, па почна да ја „топи“ негативата и на полувреме стигна до „минус три“ (13-16).

Вардар се бореше храбро во вториот дел и неколку пати намали на два гола разлика, но немаше среќа во клучни моменти на теренот за да го скрши отпорот на Висла.

Полскиот тим го преживеа притисокот од „црвено-црните“ во завршницата од мечот и успеа да го обезбеди третиот триумф (33-32) во групата Б.

Најефикасен во редовите на Вардар беше Јака Малус со девет голови, додека Вукашин Воркапиќ постигна осум погодоци. На спротивната страна Фредерик Бјере го заврши мечот со седум голови.

На вториот меч во групата, Нант го прегази Мелсунген со 33-25.

Standings provided by Sofascore