Мартинез продолжи со нападите кон управата: Нема да молчам!
Аргентинскиот дефанзивец смета дека од клуб со историјата на Јунајтед треба да се очекува борба за највисоките цели, како што се титулите во Премиер лигата и Лигата на шампионите.
„Треба да имаме поголеми амбиции. Треба повеќе да зборуваме за освојување на Лигата на шампионите и Премиер лигата. Очекувам многу повеќе, нема да молчам“, порачал Мартинез.
Претходните напади кон управата на клубот предизвикаа реакција, односно беше најавена санкција за Аргентинецот.
Фото: Facebook/Manchester United