Брутален одговор од Јамал за Лемина: Дали сега ме познава? (ВИДЕО)
Лемина во најавата за дуелот рече дека од играчите на Барселона го познава само Сане, а реакцијата на Јамал пристигна по неговиот одличен настап.
Sane ou Yamal ? 🗣️ Mario Lemina : Qui est Yamal ? Je connais Sane, je ne connais pas Yamal. https://t.co/uoEUK0xKmU
— Blaugranation (@Blaugranation_) October 12, 2026
Изјавата на Лемина очигледно дополнително ја мотивираше младата ѕвезда на Барселона. Јамал не постигна гол на натпреварот, но запиша две асистенции. Со првата му асистираше на Фермин за важен гол во натпреварот кој во првото полувреме беше потежок од очекуваното.
Втората асистенција привлече најголемо внимание. Потегот налик на рабона, со кој му додаде на Ентони Гордон за третиот гол на Барселона, брзо стана тема на социјалните мрежи. Со тој погодок натпреварот беше решен уште пред Адејеми да го постави конечниот резултат од 4-1.
По натпреварот, Јамал објави кратка порака на социјалните мрежи. Потсетувајќи на изјавата на Лемина: „Кој е Ламин Јамал? Го познавам само Сане“, младиот фудбалер едноставно праша:
„Дали сега ме познава?“