Раде Цицмиловиќ по четврти пат ќе ја води Беласица

Eкипата на Беласица избра нов тренер и тоа Раде Цицмиловиќ за кого ова ќе биде четврти мандат во струмичкиот клуб.

Цицмиловиќ го предводеше тимот кога беше во Третата лига во 2016 година, а потоа се врати и една година подоцна кога Беласица играше во Втората лига и со тимот избори промоција и во највисок ранг. Истатата 2019 година заминува, но се врати во вториот дел од сезоната кога тимот беше во зоната за испаѓање.

Подоцна работеше  во клубот и како асистент на Ѓоко Хаџиевски за во 2020 година да го преземе Тиквеш.

Во тимот од Кавадарци се задржа една сезона, пред да се пресели во Воска Спорт каде што се задржа до 2022 година и тоа беше негов последен ангажман.

Беласица сега ја презема од Мартин Алаѓозовски кој го остави тимот на петтата позиција, тимот нема пораз по седум кола, но нема ниту победа и последните пет средби кои ги заврши со реми.