Леброн ќе троши илјадници долари за секое патување до натпреварите!

Леброн Џејмс пронајде необично решение за секојдневните патувања до тренинзите и натпреварите на Филаделфија. Иако оваа сезона ќе настапува за клубот од Филаделфија, 41-годишната кошаркарска ѕвезда планира да живее во Њујорк и да патува со приватен хеликоптер.

Според пресметките објавени американските медиуми, неговото патување во два правци може да чини околу 10.700 евра, а вкупната вредност на превозот во текот на сезоната би можела да надмине 700.000 евра.

Сепак, Џејмс нема да мора лично да ги покрива овие трошоци. Според американскиот медиум „Фронт офис спортс“, пристапот до корпоративните летала на компанијата „Фанатикс“ е дел од неговиот повеќегодишен спонзорски договор со неа, потпишан во 2024 година.

Летот меѓу Њујорк и Филаделфија трае околу 30 до 40 минути, додека патувањето со автомобил може да трае од час и половина до два часа.

Фото: Facebook/Los Angeles Lakers