Сензација: Имаше 6-1, 4-0 со три меч-топки, па загуби од 240. тенисерка на светот!

Романската тенисерка, Сорана Крстеа, претрпе шокантна елиминација на стартот од престижниот турнир во кинескиот град Вухан, откако загуби речиси добиен меч против домашната натпреварувачка Хању Гуо.

Ветеранка, која моментно се наоѓа на 16. место на ВТА листата, имаше предност 6-1 и 4-0, но на крајот беше поразена од 240-тата тенисерка во светот, која во главната ждрепка влезе со специјална покана. Конечниот резултат по два часа и 43 минути игра гласеше 1:2 во сетови (6:1, 6:7, 5:7).

Ова е еден од најголемите пресврти годинава во светскиот тенис. Хању Гуо во второто коло ќе ги одмери силите со Американката Кејти Волинец, додека Кирстеа ќе се обиде да го поправи впечатокот на претстојните турнири од азиската турнеја во Нингбо, Токио и Хонгконг.