Aталанта фуриозно тргна против Венеција - Елмас асистент! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Аталанта фуриозно тргнаа против Венеција и во првите шест минути постигнаа два гола, а големи заслуги за еден од погодоците има македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Откако Франк Кеси го отвори резултатот во четвртата минута, само две минути подоцна Елмас одлично нафрли од корнер и го пронајде Крстовиќ за втор погодок. Црногорецот Крстовиќ на истекот на половина час го постигна и својот втор погодок за 3-0.

За македонскиот репрезентативец, Елмас асистенцијата беше прва во Серија А во дресот на тимот од Бергамо.