Голем проблем за Наполи: Јакимовски се повреди, не е познато кога ќе се врати!

Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски се соочува со принудна пауза откако лекарските прегледи потврдија дека се повредил.  

Наполи објави дека станува збор за целосно кинење на десниот внатрешен кос стомачен мускул, со одвојување од припојот на единаесеттото ребро.

Јакимовски веќе го започнал предвидениот процес на лекување и рехабилитација, но засега не е познато колку точно ќе трае неговото отсуство.

Повредата доаѓа во незгоден момент за Наполи, кој одлично ја започна новата сезона.

Фото: Facebook/Napoli Basket