Крафорд и Џејкоб беа незапирливи: Струмица го надигра Пелистер

Кошаркарите на Струмица беа подобри од Пелистер со 84-69 во второто коло од македонската Суперлига.

Двете екипи понудија ефикасна кошарка во првата четвртина, при што Пелистер беше подобар со 21-17, но ситуацијата драстично се смени во вторите 10 минути на паркетот.

Струмица го диктираше темпото и го полнеше кошот на Пелистер, додека битолчани запишаа само девет поени и на полувремето имаа негатива од 30-43.

Пелисер успеа во третата четвртина да ја намали негативата зад ривалот, по што во завршницата стигна и до 67-68, но Струмица повторно влезе во одлична серија и триумфира со 84-69.

Најефикасни во победничкиот тим беа Крафорд и Џејкобс со по 21 поен, додека Димитриев запиша 18 поени за Пелистер.