Лапорта жестоко удри по Реал Мадрид: Сакаат да ѝ наштетат на Барселона!
Лапорта смета дека „кралевите“ намерно го отворија ова прашање затоа што не можат да се помират со успесите на Барселона, која според него, минува низ одличен период.
„Во Мадрид зборуваат за други теми за да го одвлечат вниманието. Барселона минува низ одличен период, уживаме во фудбалот и пишуваме убави моменти во нашата историја. Во Реал се обидуваат да го намалат значењето на тоа. Постојано се обидуваат да ѝ наштетат на Барселона. Колку и да зборуваат за таа тема, верувам дека ние ќе бидеме ослободени од обвинувањата“, вели Лапорта.
Барселона по седум одиграни кола е на првото место во Ла Лига со 21 бод, односно шест повеќе од Реал Мадрид.