Алкараз сигурен на стартот во Шангај - за 67 минути го реши првиот противник!

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласира во третото коло на мастерсот во Шангај, откако денеска славеше против Аргентинецот Хуан Мануел Серундоло со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-3.

Вториот носител на турнирот успешно го заврши првиот настап, откако Серундоло не успеа да му парира на противникот, а двата сетови имаа идентичен епилог.

Аргентинецот во секој од сетовите освои само по три гемови, додека Алкараз за само 67 минути ја потврди фаворитската улога и се пласира во следната рунда.

Алкараз во третото коло ќе игра против победникот од мечот меѓу Зизу Бергс.

Фото: Facebook/Rolex Shanghai Masters