Силекс никако да победи: Кратовци освоија само бод во Гостивар (ВИДЕО)
Првото полувреме во Гостивар го одбележа тешката повреда на Контрерас од Арсими, кој ја скрши ногата и беше пренесен во болница.
Силекс во вториот дел веднаш го отвори резултатот, откако Џемаили си постигна автогол (1-0). Сепак, Арсими преку Ебрима Гаје набрзо ја анулира негативата (1-1).
Двете екипи до крајот на средбата имаа уште по неколку шанси, меѓутоа не успеаја да постигнат гол.
Силекс се наоѓа на шестата позиција со 10 бодови, додека Арсими е на осмото место со еден поен помалку по девет одиграни меча во Првата лига.