Вознемирувачки сцени во Гостивар: Фудбалер на Арсими си ја скрши ногата! (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Арсими и Силекс во Гостивар беше прекинат на момент, откако фудбалерот на домашниот тим Диего Контрерас ја скрши ногата.

Контрерас по дуелот со Шуберт падна во казнениот простор, при што ја скрши ногата и мораше да интервенираат медицински лица на теренот, а потоа фудбалерот со возило на Итната медицинска помош да биде изнесен од теренот.

Фудбалерот на Арсими е префрлен во болница, каде што се чекаат дополнителни медицински прегледи.