Брегалница немоќна во Кавадарци: Тиквеш им одржа лекција на гостите од Штип!
Кавадарчани уште од самиот почеток го најавија триумфот, постигнувајќи гол уште во третата минута, кога Лавал ја затресе мрежата на противникот за 1-0.
Домашниот тим продолжи со одличната игра и во 16. минута Брегалница преку Темелков си постигна автогол, со што Тиквеш стигна до убедлива предност уште во раната фаза од натпреварот.
Во продолжението Тиквеш ја контролираше ситуацијата на теренот, а конечниот резултат од 3-0 беше поставен во 85. минута преку Лусианињо.
Со оваа победа Тиквеш освои нови три поени и скокна до третата позиција во Првата лига, при што има 16 бодови на своето конто, додека Брегалница е на седмото место со 10 бодови.
Фото: Facebook/ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци/FC Tikves 1930 Kavadarci