Линекер има предлог до Манчестер сити за „спас на Премиер лигата“

Поранешниот англиски фудбалер Гери Линекер смета дека Манчестер сити треба да признае вина за прекршувањето на финансиските правил на Премиер лигата и да ја прифати казната која ќе му биде изречена.

Случајот се однесува на обвиненија за наводни прекршувања на финансиските правила на Премиер лигата од 2009 до 2018 година. Независната комисија утврди дека „граѓаните“ прекршиле 114 од 115 точки, но клубот веднаш поднесе жалба.

„Би сакал Манчестер сити да признае дека е виновен. Да кажат дека ја прифаќаат казната која ќе им биде изречена, тоа е за доброто на фудбалот и Премиер лигата“, кажа Линекер.

Според него, поранешниот англиски и европски шампион на таков начин ќе го затвори случајот, но во моментов не делува дека „граѓаните“ се подготвени за таков потег.

Фото: Facebook/Manchester City