Нојер се посрамоти и го прими најбрзиот гол во историјата на Бундеслигата (ВИДЕО)

Аугусбург во натпреварот со Баерн изненадувачки многу рано дојде до гол во Бундеслигата, домашниот состав на фаворитот му даде гол по само шест секунди и тоа по грешка на Нојер.

По почетниот удар Баерн ја врати топката до Нојер кој се обиде да ја продолжи акцијата, но неговото додавање го пресече Фелхауер кој имаше отворен пат и празна мрежа, па не му беше претешко да реализира.

Овој гол е и најбрз во историјата на Бундеслигата, претјодно Фоланд во 2014 година и Белараби во 2015 стрелаа по девет секунди.