Брегалница немоќна во Кавадарци: Тиквеш им одржа лекција на гостите од Штип!

Тиквеш убедливо ја совлада Брегалница (3-0) во натпреварот од деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига.

Кавадарчани уште од самиот почеток го најавија триумфот, постигнувајќи гол уште во третата минута, кога Лавал ја затресе мрежата на противникот за 1-0.

Домашниот тим продолжи со одличната игра и во 16. минута Брегалница преку Темелков си постигна автогол, со што Тиквеш стигна до убедлива предност уште во раната фаза од натпреварот.

Во продолжението Тиквеш ја контролираше ситуацијата на теренот, а конечниот резултат од 3-0 беше поставен во 85. минута преку Лусианињо.

Со оваа победа Тиквеш освои нови три поени и скокна до третата позиција во Првата лига, при што има 16 бодови на своето конто, додека Брегалница е на седмото место со 10 бодови.

Фото: Facebook/ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци/FC Tikves 1930 Kavadarci