Верстапен најбрз на хаотичниот спринт во Сингапур (ВИДЕО)

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен славеше на спринт-трката која се возеше денеска во Сингапур, а истата ја одбележаа неколку инциденти на патеката.

Холанѓанецот возеше одлично во текот на трката, па на крајот триумфира со пет секунди предност во однос на Луис Хамилтон од Ферари, додека третата позиција му припадна на Шарл Леклер.

Спринтот во Сингапур го одбележа и скапата грешка на Џорџ Расел во вториот круг, иако имаше добар старт и го презема водството.

На самиот крај на спринтот се случи и голема грешка на возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри кои се извртеа на патеката.

Квалификациите за главната трка во Сингапур се закажани за денеска од 15 часот, додека спектаклот ќе се вози утре од 14 часот.